Лешник – чувар на срцето
Јатките помагаат кај жолтица, проширени вени, воспаление на белите дробови, а се препорачува и кај лекувањето на низок крвен притисок, пролив, хемороиди …
Доколку барем една рака лешници се најди на вашиот секојдневенo мени, нема да размислувате за високиот крвен притисок, или за висината на лошиот холестерол во крвта, а нутриционистите тврдат да токму порција од овој плод може да биде одлична алтернатива за ужина помеѓу оброците.
Штитат крвни садови
Лешник има благотворно и лековито дејствување на човечкиот организам. Одредени елементи во составот на плодот позитивно влијаат на крвните садови, го штитат срцевиот мускул и го намалуваат крвниот притисок. Тенка кожичка на површината на плодот содржи полифеноли кои се совршена превентива од срцевиот удар, но и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и ангина пекторис.
Плод полн со енергија
Покрај оревот, лешник е енергетски највреден продукт. Јадрото содржи 60 проценти масло, 15 проценти белковини, 10 проценти јаглени хидрати, 4 милиграми железо, калиум, калциум, витамин Б и Е. Поради големо количество на масти, не се препорачува кај диети, кај заболување на жолчката и зголемениот ниво на триглицериди во холестеролот во крвта.
Силен антиоксиданс
Јатките содржат силни антиоксиданси како што е фитинска киселина. Таа го штити организмот од воспалителни процеси и може да го намали ризикот од појава на рак на дојка и простата. Лешник е богат со аргинин кои спречува раст на туморот и зајакнува имунитет.
Публицитет.мк