• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 17, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Американците земаат се` повеќе лекови на рецепта

ноември 14, 2015
in Uncategorized

Во САД има пораст на овој тренд, дури и младите земаат повеќе лекови против болести поврзани со прекумерната тежина.

Американците земаат лекови на рецепта повеќе од кога и да е порано, за третман на болести како дијабетесот и високиот крвен притисок, болести коишто во голем дел можат да бидат спречени.

Ова е особено присутно меѓу постарите лица, од 65 години, нагоре.  

Но, во студијата биле опфатени и многу помлади лица, почнувајќи од 20-годишна возраст, по што научниците дошле до слични резултати.

Еден од најчесто употребуваните лекови е статин којшто го намалува ризикот од мозочен удар, срцев удар и други компликации на срцето, кај лица со дијабетес и срцеви заболувања. Студијата открила во моментов, овој лек го земаат речиси осум проценти од сите возрасни лица во САД.

„Кога ќе ги разгледаме 10-те најчесто употребени лекови во 2011 и 2012-та година, повеќето од нив се земаат за проблеми поврзани со кардиоваскуларни заболувања, како и за факторите што придонесуваат за вакви заболувања, како прекумерната тежина“, коментира докторката Елизабет Кантор

Истражувачкиот тим воедно открил дека бројот на луѓето коишто земаат повеќе видови на лекови во рок од 10 години се зголемил за речиси двојно. Податоците се споредени за периоди од две години, од 1999-та до 2000-та и од 2011-та до 2012-та.

Студијата ја спроведена од научници на Школата за јавно здравје при Универзитетот Харвард и е објавена во Журналот на Американската медицинска асоцијација.

Извор: Глас на Америка на Македонски 

Посетеност: 115
Share
Previous Post

Од денес до 15 март, 2016 не тргнувајте на пат без задолжителната зимска опрема

Next Post

Уапсени осомничени соучесници во масакрот, напаѓачите „мошне веројатно“ влегле преку Грција

Next Post

Уапсени осомничени соучесници во масакрот, напаѓачите „мошне веројатно“ влегле преку Грција

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 115

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk