АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Ѓавато и Стража, како и на патните правци Маврово-Дебар и с. Шипковица-Попова Шапка.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег врне на П.Шапка, Маврово, Стража, Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека, Железнец, K.Паланка, Страцин, Маџари, Петровац, Кула, Гостивар, Кичево, М.Брод, Павлешници, Делчево-г.п. Делчево и Смојмирово.
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Шипковица – Попова Шапка е намалена на 30-40 метри.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете тука.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Публицитет.мк