• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 14, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Антонио Додевски: ИЗВИДНИЦИ ЌЕ ЈА СПАСУВААТ ДЗС (Дирекција за заштита и спасување)

септември 14, 2016
in Аргументи за

 

Деновиве во охридските портали, имавме прилика да прочитаме дека:

“Осумнаесет учесници од девет балкански држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Словенија и Турција) беа дел од тренинг семинарот за преживување и спасување во природа, што го организираше Сојузот на извидници на Македонија во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување на РМ, а со поддршка на Иницијативата за подготвеност за катастрофи и превенција на југоисточна Европа.”,

како и тоа дека:

“Учесниците преку интерактивни работилници имаа можност да споделат искуства и знаење од областа на трагање, преживување и спасување во планини и непристапни терени. Остварените контакти и деновите поминати заедно ќе помогнат да во иднина и во Р.Македонија се дооформат и едуцираат тимови коишто стручно и професионално и според меѓународни утврдени правила ќе можат успешно да извршуваат задачи за спасување и пронаоѓање на изгубени или настрадани лица во природата, информираат организаторите.”

Иако во целост не е јасно, кој каква улога играл и со чии пари е организиран овој “Тренинг семинар”, сепак едно е јасно, по сите случувања со затрупани патишта во последниве неколку зими, ер трактори, шумски пожари, поплави во битолско, катастрофални поплави во тетовско и скопско, кои однесоа и голем број човечки жртви, па дури и јавното прозивање од страна на Пртеседателот на државата, наместо оставки и законска одговорност за врвот од ДЗС, ние сме сведоци на забавни семинари за преживување. Очигледно Шабан и неговите “стручни” аналитичари процениле дека системот одамна ни колабира и ќе ни требаат “меѓународни вештини” за преживување и јадење корења. Жалам што во овој обид за преживување пред јавноста, се фаќаат за последната сламка извидниците, кои верувам дека наивно се впуштиле да ја играат оваа ролја како спасители на ДЗС. Ако пак е поинаку, тогаш уште повеќе жалам за извидниците, кои наместо добар пример за дисциплина и посветеност кон вистински вредности на младите, покажуваат слабост и склоност кон популизам и тоа во сфери, кои се надвор од нивното поле на делување.

Како и да е, Господа, јавноста можеби не е доволно упатена но не мислете дека е глупава, сите Ваши обиди да прикажете дека барем нешто работите, завршија во Стајковци, длабоко под тињата на дното од општеството, кое за 25 години го претворивте во ШАБАНАРИЈА која ни ја водат разни ШАБАНИ.

Од охриѓани научив една поговорка која вели “Куче ш’о јајт маст, јајт и стап”, маста во оваа држава ја излижавте до последниот молекул, Господа време е за СТАПОТ!!!

dode

Антонио Додевски

Мал дел од македонската јавност, која ја сметате за глупава бидејќи предолго Ви молчеше

Статијата е објавена во целост без редакциска и јазична интервенција.

Објавените текстови  во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

Публицитет.мк

Посетеност: 111
Share
Previous Post

Пливачот Стефановски влезе во „Куќата на славните на меѓународното маратонско пливање“

Next Post

Во Охрид- Мозаиците на Југоисточна Европа – SEE MOSIACS под патронството на УНЕСКО и ICCROM

Next Post

Во Охрид- Мозаиците на Југоисточна Европа - SEE MOSIACS под патронството на УНЕСКО и ICCROM

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 111

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk