Бананите се чудотворно овошје кое најчесто на сите им се допаѓа, без оглед на годините или било кој друг критериум, а најмногу ги сакаат спортистите. Својата популарност му ја должат не само на својот вкус, туку и на целиот низ на здравствени благодети што му ги овозможуваат на организмот.
Просечна банана има околу 110 калории, богата е со калиум, манган, витамини Б6 и Ц, како и со влакна. Не содржи холестерол и маснотии, а изматена со миксер можете да ја користите како замена за нездравиот путер.
Покрај сето ова, докажано е дека е помудро да се изеде банана наместо било кој благ енергетски пијалок. Имено, бананата подобро влијае врз уделот на допамин од енергетските напитоци, но и го задржува на високо ниво и еден час по консумацијата. Допаминот е неутротрансмитер кој директно влијае врз нашето расположение.
И тоа не е се. Според едно јапонско истражување објавено во 2013 година, бананите кои на кората имаат дамки, произведуваат TNF- фактор кој ги уништува клетките на туморите. Значи, колку што e кората потемна и прекриена со темни дамки, толку се посилни антиканцерогените вредности на бананата.
После бурна ноќ и некоја чашка повеќе, бананата ќе ви биде и одличен сојузник во решавањето на мамурлакот. За тоа е заслужен калиумот, а лекарите препорачуваат една банана да изедете пред спиење, а друга по будењето. На овој начин значително ќе го намалите мамурлакот.
Лекарите и нутриционистите препорачуваат секојдневна консумација на една банана за подобро здравје и имунитет, а тоа сигурно добро ќе ви дојде во борба со настинките и вирусите што не очекуваат.
Извор: ubavinaizdravje.mk