
Завршија турнирите во шах за учениците од основното образование од Охрид.
На турнирот до 14 години учествуваа 13 момчиња и девојчиња.

Јулиан Матески (ООУ Григор Прличев) го освои првото место со 6 поени од 6 партии, Стефан Матески (ООУ Григор Прличев) го освои второто место со 5 поени, а третото место го освои Елена Лушеска (ООУ Братство Единство).

На турнирот до 10 години учествуваа 9 момчиња и девојчиња, Јована Котушеска (ООУ Григор Прличев) го освои првото место со 6 поени од 6 партии, Надалина Зимоски (ООУ Григор Прличев) го освои второто место со 4,5 поени, а третото место му припадна на Вук Бурмаја (ООУ Григор Прличев) со освоени 4 поени. Сите учесници добија дипломи за учество и скромни награди од спонзорите на „Ласкер“.
Публицитет.мк







