• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Денес им е роденден: Ристо Лазаров

октомври 3, 2021
in Uncategorized
Денес им е роденден: Ристо Лазаров

Ристо Лазаров, писател, поет, новинар и публицист. Живее и твори на релацијата Скопје – Прага – Охрид. 

Здраво Мичко, со искрена и голема благодарност за честа што ми ја укажуваш, ти испраќам една необјавена песна, како доказ дека уште не крепи поетскиот порив. Што се однесува до роденденот: Роденден како роденден, на ова време и гајлиња не се обраќа многу внимание на тоа. Најблиските секако ќе ме потсетат, а сега еве и ти…

 

БОЛОЊА
Случајна средба со Горан Стефановски

Едно ужасно здодевно пладне
на почетокот на новиот милениум
сосема случајно се сретнавме со Горан
под една од колонадите на Болоња.
Обајцата занесени во пластовите на овој град
во кој сите паркови и бавчи
опојно мирисаат на ученост
и од сите божји патеки од дамнини
се скршнува само в лево, лево,
а и жуборот на реката По од далеку се црвенее.
Веќе ни ги беа послужиле шпагетите болоњезе
(со црвен сос, црвеното вино се подразбира)
кога еден заскитан глосар
ни ја симна големата црвена шапка
и весело ни дофрли: буон аппетито.
По навика, му отпоздравивме со кренати чаши.
Пак по навика, одгатнувавме
што сака да ни каже веселиот глосар.
Тука пред десет века бил најстариот
европски универзитет,
Европа не била баш обединета.
Долг е списокот на студенти:
Данте, Бокачо, Петрарка, Еразмо,
Мирандола, Дирер, Коперник…
Пред осум века, пак, со Рајски закон
било укинато кметството
и ослободени потлачените, влево, лево.
Потем се упативме кон куќата на ридот
каде што во рајска ладовина
се изведуваа претпремиерните проби
на Горановиот Хотел Европа.
Од една под друга колонада,
станавме живи сведоци
на заштитниците на историјата
и чуварите на изгубеното.
Патем, стотина метри под Универзитетот
се разминавме со Умберто Еко. Беше заитан.
Мигум се стрчавме да видиме
носи ли роза во џепчето до левиот ревер,
ама тој се беше сокрил во минатото.
Оттаму ни испрати поздрав,
да не го забораваме кнез Мишкин:
Убавината ќе го спаси светот. 

Публицитет.мк 

 

 

Посетеност: 129
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Весна Миќиќ – Божиновска

Next Post

Бројни успеси за младите талентирани шахисти од „Ласкер“

Next Post
Бројни успеси за младите талентирани шахисти од „Ласкер“

Бројни успеси за младите талентирани шахисти од „Ласкер“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 129

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk