АЛПОЈО – Охрид: Имаме се’ што е потребно за Вашите празнични посни колачи
Иако состојките се ограничени, вкусот и декорација не секогаш мора да бидат „сиромашни“. Кога е време на пости, еве што може...
Read more
Виното од капини уште одамна е добро познато како многу корисен и ефикасен лек за лекување на анемија. Исто така, се користи кај исцрпеност, потхранетост, за регулирање на столицата, за крвен притисок и циркулација.
Го подобрува апетитот, придонесува за подобро лачење на жолчен сок и урина, а постојат докази и дека добро делува и врз поедини кожни болести, како што се разни лишаи и осипи.
Ова вино го намалува зголемениот холестерол, спречува создавање на тромбови, појава на срцеви болести, но и невролошки пореметувања како што се Паркинсонова болест и Алцхајмер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 кг капини
1,5 кг шеќер
Исчистени и измиени капини се редат во поголема шерпа и се гмечат со раце. Потоа се додава шеќерот. Одберете поголем сад кој нема да биде преполнет до врв. Оставете барем околу три прста зошто наскоро ќе започне вриењето.
Садот прекријте го со газа и ставете го на некое ладно и темно место. Оставете го да отстои една седмица.
https://nmd.mk/wp-content/uploads/2019/07/IMG_9257-300x161.jpg 300w" sizes="(max-width: 640px) 100vw, 640px" style="box-sizing: border-box; max-width: 100%; height: auto; margin: 0px 5px; display: inline-block;">
Потоа ќе се појави комина на површината која треба да се отстрани со лажица, а виното да се процеди низ газа.
Повторно се остава уште една седмица по што се процедува од талогот и се складира во стаклени шишиња.
Дали сте знаеле дека лек за настинка може да биде и виното? Дека ја ублажува кашлицата и е препорачливо да се конзумира при вироза која е честоа појава на ова променливо време?
Умерено редовно пиење на вино може да помогне дури и кај бронхитис и грип. Ова го докажале научниците во истражувањето кое е спроведено пред неколку години на Универзитетот во Окланд. Утврдено е дека луѓето кои редовно конзумираат намирници богати со флавониди ретко се разболуваат.
Виното, како и зелениот чај содржи доста антиоксиданти кои ги ублажуваат воспалителните процеси во телото и ја зајакнуваат отпорноста на инфекциите. Може да се напиете неколку чаши вино, по можност после оброк.
Француски рецепт за вино против настинка
-0,75 литри црвено вино
-10 гр цимет
-4 лажички шеќер
Измешајте ги состојките и гответе на пареа. Полека загрејте го виното на температура од 60ºC. Пред служење можете да нарендате кора од лимон. Оваа количина на готвено вино е доволна за два дена. Лековитото вино пијте го три пати во текот на денот. На здравје!
Публицитет.мк
Иако состојките се ограничени, вкусот и декорација не секогаш мора да бидат „сиромашни“. Кога е време на пости, еве што може...
Read moreНа два дена до Новата година преку Публицитет.мк Ви ја честитаме НОВАТА 2019 - АЛПОЈО - Охрид секогаш со Вас...
Read moreАЛПОЈО ве очекува во сопствениот дисконт на УЛ. „СТИВ НАУМОВ“ ББ. ВО ИНДУСТРИСКА ЗОНА СЛОБОДА ОД 08-17 Ч.ТЕЛ: 046 046 260...
Read moreЗа љубителите на еспресо со префинет вкус во АЛПОЈО - Охрид Ве очекува богат избор на капсули. Вкусот на еспресото...
Read moreСемето сусам содржи најголема концентрација на фитостерол, состојка која по својата хемиска структура е слична на холестеролот, поради што има...
Read moreСе’ што треба за Вашата трпеза кај нас има - порачуваат од АЛПОЈО - Охрид. Секоја добра домаќинка знае што...
Read moreСе’ што треба за Вашата трпеза кај нас има - порачуваат од АЛПОЈО - Охрид. Секоја добра домаќинка знае што...
Read moreЕсента е сезона за циметот - побарајте го во препознатливата амбалажа на АЛПОЈО - Охрид. Рецепт: Совршени цимет...
Read moreЕсента е сезона за циметот - побарајте го во препознатливата амбалажа на АЛПОЈО - Охрид. Циметот е зачин со лековити...
Read moreКакаото се пие направено со вода или млеко. Може да се додаде и малку цимет за поубав вкус. Во продажната...
Read morewww.publicitet.mk
ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД
Контакт: 075 337 010, е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com
Техничка реализација: ArkaHost
©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ |
© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk