ВНИМАВАЈТЕ: Еве на што упатуваат белите дамки на ноктите
Дамките на ноктите покажуваат абнормалност на нервниот систем, која може да доведе до болест, тврдат експертите. Овие дамки се...
Read more
Виното од капини уште одамна е добро познато како многу корисен и ефикасен лек за лекување на анемија. Исто така, се користи кај исцрпеност, потхранетост, за регулирање на столицата, за крвен притисок и циркулација.
Го подобрува апетитот, придонесува за подобро лачење на жолчен сок и урина, а постојат докази и дека добро делува и врз поедини кожни болести, како што се разни лишаи и осипи.
Ова вино го намалува зголемениот холестерол, спречува создавање на тромбови, појава на срцеви болести, но и невролошки пореметувања како што се Паркинсонова болест и Алцхајмер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 кг капини
1,5 кг шеќер
Исчистени и измиени капини се редат во поголема шерпа и се гмечат со раце. Потоа се додава шеќерот. Одберете поголем сад кој нема да биде преполнет до врв. Оставете барем околу три прста зошто наскоро ќе започне вриењето.
Садот прекријте го со газа и ставете го на некое ладно и темно место. Оставете го да отстои една седмица.
https://nmd.mk/wp-content/uploads/2019/07/IMG_9257-300x161.jpg 300w" sizes="(max-width: 640px) 100vw, 640px" style="box-sizing: border-box; max-width: 100%; height: auto; margin: 0px 5px; display: inline-block;">
Потоа ќе се појави комина на површината која треба да се отстрани со лажица, а виното да се процеди низ газа.
Повторно се остава уште една седмица по што се процедува од талогот и се складира во стаклени шишиња.
Дали сте знаеле дека лек за настинка може да биде и виното? Дека ја ублажува кашлицата и е препорачливо да се конзумира при вироза која е честоа појава на ова променливо време?
Умерено редовно пиење на вино може да помогне дури и кај бронхитис и грип. Ова го докажале научниците во истражувањето кое е спроведено пред неколку години на Универзитетот во Окланд. Утврдено е дека луѓето кои редовно конзумираат намирници богати со флавониди ретко се разболуваат.
Виното, како и зелениот чај содржи доста антиоксиданти кои ги ублажуваат воспалителните процеси во телото и ја зајакнуваат отпорноста на инфекциите. Може да се напиете неколку чаши вино, по можност после оброк.
Француски рецепт за вино против настинка
-0,75 литри црвено вино
-10 гр цимет
-4 лажички шеќер
Измешајте ги состојките и гответе на пареа. Полека загрејте го виното на температура од 60ºC. Пред служење можете да нарендате кора од лимон. Оваа количина на готвено вино е доволна за два дена. Лековитото вино пијте го три пати во текот на денот. На здравје!
Публицитет.мк
Дамките на ноктите покажуваат абнормалност на нервниот систем, која може да доведе до болест, тврдат експертите. Овие дамки се...
Read moreЛешник – чувар на срцето Јатките помагаат кај жолтица, проширени вени, воспаление на белите дробови, а се препорачува и кај...
Read moreВо рамките на Неделата на забоздравствена заштита Црвен крст - Охрид деновиве го промовираше прирачникот „Насмевка без кариес“ од...
Read moreЕден од најстарите зачини на светот е лесно достапен и најчесто го врзуваме за детството и питите од јаболка на...
Read moreСперматозоидите на мажите имаат своја сезона, најздрави се во текот на зимата и раната пролет, па поради тоа најмногу деца се...
Read moreЗдружението ХОПС-Опции за здрав живот Скопје во рамки на своите активности за актуелизирање на прашањата поврзани со програмите за намалување...
Read moreКонсумирањето на производите коишто содржат какао, вклучувајќи ја темната чоколада, можат да го намалат нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) во...
Read moreНајнова британска студија покажа дека луѓето се вљубуваат, во просек, четири пати во текот на животот. Седумдесет и пет отсто од...
Read moreИако вирусите се присутни во секое време од годината, сепак во текот на зимата шансите да се разболите значително се...
Read moreАронијата е овошје со бобичеста форма кое наликува на боровница . Таа се смета за органска супер храна и лек....
Read morewww.publicitet.mk
ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД
Контакт: 075 337 010, е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com
Техничка реализација: ArkaHost
©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ |
© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk