Иако вирусите се присутни во секое време од годината, сепак во текот на зимата шансите да се разболите значително се зголемуваат.
Ова се должи на падот на температурните вредности, што пак носи многу болести со себе.
Ако сакате да се заштитите од непријатните грипови, треба да го засилите својот имунолошки систем. Најлесно може да го направите ова, ако се храните на соодветен начин. Имено, ако ги вклучите следните видови храна кон редовното мени:
Црвени пиперки
Знаете ли дека витаминот Ц е од суштинско значење за стимулирање на имунолошкиот систем? А дека во црвените пиперки се содржи двојна доза од овој витамин во споредба со цитрусните плодови? “Конзумирање на пет различни порции овошје и зеленчук на ден може да обезбеди повеќе од 200 мг витамин Ц и на тој начин природно да го зајакнете својот имунитет”, советуваат експертите.
Копар
Редовното консумирање на копар, кој содржи околу 20% витамин Ц, ја зголемува отпорноста на организмот кон заразни болести. Внесувањето на копар им овозможува на белите крвни клетки (оние кои ги уништуваат бактериите и вирусите во телото) да работат понапорно, што пак ги намалува шансите за настинка.
Зелен чај
Тој е богат со антиоксиданси, неопходни за здравјето на вашето тело.
Сладок компир
Тие исто така се богати со антиоксиданси и ги подобруваат функциите на клетките.
Лук
И покрај својот заситен мирис, лукот е исклучително моќно средство против болестите во зима. Во него се содржат корисни материи како калциум и калиум, кои го штитат организмот од несакани бактерии.
Куркума
Овој зачин не само што се бори со инфекциите и воспаленијата, но и ја спречува штетата предизвикана од слободните радикали.
Бриселско зелје
Што поубаво од многу хранливи материи, собрани во малку калории? Половина чаша бриселско зелје може да ви обезбеди 50% од препорачаната количина на витамин Ц на ден.
Извор:lokalno.mk