Лутото го продолжува животот?
Истражувачите го откриле и позитивниот ефект на чили за цревната микрофлора и неговата ефикасност при спречување на дебелината . „Потребни...
Read more
Виното од капини уште одамна е добро познато како многу корисен и ефикасен лек за лекување на анемија. Исто така, се користи кај исцрпеност, потхранетост, за регулирање на столицата, за крвен притисок и циркулација.
Го подобрува апетитот, придонесува за подобро лачење на жолчен сок и урина, а постојат докази и дека добро делува и врз поедини кожни болести, како што се разни лишаи и осипи.
Ова вино го намалува зголемениот холестерол, спречува создавање на тромбови, појава на срцеви болести, но и невролошки пореметувања како што се Паркинсонова болест и Алцхајмер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 кг капини
1,5 кг шеќер
Исчистени и измиени капини се редат во поголема шерпа и се гмечат со раце. Потоа се додава шеќерот. Одберете поголем сад кој нема да биде преполнет до врв. Оставете барем околу три прста зошто наскоро ќе започне вриењето.
Садот прекријте го со газа и ставете го на некое ладно и темно место. Оставете го да отстои една седмица.
https://nmd.mk/wp-content/uploads/2019/07/IMG_9257-300x161.jpg 300w" sizes="(max-width: 640px) 100vw, 640px" style="box-sizing: border-box; max-width: 100%; height: auto; margin: 0px 5px; display: inline-block;">
Потоа ќе се појави комина на површината која треба да се отстрани со лажица, а виното да се процеди низ газа.
Повторно се остава уште една седмица по што се процедува од талогот и се складира во стаклени шишиња.
Дали сте знаеле дека лек за настинка може да биде и виното? Дека ја ублажува кашлицата и е препорачливо да се конзумира при вироза која е честоа појава на ова променливо време?
Умерено редовно пиење на вино може да помогне дури и кај бронхитис и грип. Ова го докажале научниците во истражувањето кое е спроведено пред неколку години на Универзитетот во Окланд. Утврдено е дека луѓето кои редовно конзумираат намирници богати со флавониди ретко се разболуваат.
Виното, како и зелениот чај содржи доста антиоксиданти кои ги ублажуваат воспалителните процеси во телото и ја зајакнуваат отпорноста на инфекциите. Може да се напиете неколку чаши вино, по можност после оброк.
Француски рецепт за вино против настинка
-0,75 литри црвено вино
-10 гр цимет
-4 лажички шеќер
Измешајте ги состојките и гответе на пареа. Полека загрејте го виното на температура од 60ºC. Пред служење можете да нарендате кора од лимон. Оваа количина на готвено вино е доволна за два дена. Лековитото вино пијте го три пати во текот на денот. На здравје!
Публицитет.мк
Истражувачите го откриле и позитивниот ефект на чили за цревната микрофлора и неговата ефикасност при спречување на дебелината . „Потребни...
Read moreБрзиот начин на живот и честите стресни ситуации негативно влијаат на нашиот мозок, па се почести се случаите на обваа...
Read moreПрестанете да војувате со вашата коса! Негувајте го квалитетот што ви го подарила природата и уживајте во новите фризури и...
Read moreМногу лекови различно делуваат врз машкиот, а различно врз женскиот организам, но на тоа сеуште не му се придава големо...
Read moreВо театарот „Ричард Роцерс“ во Њујорк се одржа музичкото шоу „Хамилтон“, а почесен гостин беше Сара Џесика Паркер. Ѕвездата се...
Read moreКофеинот, најмногу конзумираниот стимуланс, има свои добри страни како подобро помнење и поголема будност, но од друга страна, слушаме приказни...
Read moreДали ви е тешко да станете од кревет наутро? Се чувствувате истоштени уште пред пладне и едвај чекате да заврши...
Read moreКуркумата ги убива клетките на ракот кај мултиплекс миелом Направено е револуционерно откритие во третманот на мултиплекс миелом, агресивен вид...
Read moreВо последно време здравата храна станува многу популарна, сè повеќе луѓе се обидуваат да се хранат здраво, па така, на...
Read moreДоење и работа, да го направиме тоа реалност! НВО Матрона, центар за промоција на здравје и човекови права, во...
Read morewww.publicitet.mk
ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД
Контакт: 075 337 010, е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com
Техничка реализација: ArkaHost
©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ |
© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk