Владимир Четкар викендов ќе го промовира новиот музички спот за песната ‘Time Goes By’ која се наоѓа на неговиот втор студиски албум ‘Heavenly’.
Видео спотот е сниман на некој од најшармантните локации на Менхетен, Њујорк и е во режија на Боби Дојчиновски.
Песната ‘Time Goes By’ е комплетно авторско дело на Четкар и е снимана со жива гудачка, дувачка и ритам секција во познатото њујоршкото студио Dubway Studios.
Веднаш потоа Четкар заминува во САД каде има концерти во Детроит во Петок, 18 Септември во Music Hall Jazz Cafe и Чикаго во Сабота, 19 Септември во BAR 63.
На концертите Четкар ќе биде придружуван од Хоакин Гарсиас на клавијтури, Кит Лајлс на бас и Густаво Кортинас на тапани.
Публицитет.мк