• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Ципрас во Брисел во обид за нови преговори

јули 7, 2015
in Актуелно

   – Новиот министер за финансии на Грција Еуклид Цакалотос и премиерот Алексис Ципрас денеска заминуваат за Брисел, со цел да ја задржат земјата во еврозоната, додека повеќето европски партнери изгледа дека одлучија оти подобро ќе биде земјата да излезе, коментира „Катимерини“.

 

Цакалотос синоќа положи свечена заклетва, заменувајќи го Варуфакис кој рече дека се повлекува за да му помогне на Ципрас во напорите да постигне договор со кредиторите, јави дописникот на МИА од Атина.

Ципрас вчера имаше состанокот со политичките лидери со кој претседаваше претседателот Прокопис Павлопулос. Шефовите на сите партии, освен на Златна Зора Никос Михалолиакос, седум часа разговараа за плановите на Владата за обезбедување договор со институциите.

Според извори на весникот, премиерот ги информирал своите колеги дека коалицијата ќе предложи договор врз основа на последниот пакет предлози објавен од страна на Европската комисија. Атина исто така ќе побара постепено спроведување на некои мерки.

„Не е јасно дали Владата е подготвена да додаде овој сет на предлози, што би можело да се покаже како камен на сопнување додека економијата се влошува, што беше забрзано со контролата на капиталот, што пак значи дека е потребно поголемо фискално прилагодување“, пишува „Катимерини“.

По средбата, сите лидери кои учествуваа на состанокот, со исклучок на Димитрис Кацубас од Комунистичката партија, потпишаа заедничка изјава во која тврдат дека сакаат Грција да остане во еврозоната.

„Неодамнешната пресуда на грчкиот народ не е мандат за прекин, туку мандат за продолжување и зајакнување на напорите да се постигне социјално праведен и економски одржлив договор“, се вели во заедничката изјава во која се повикува да се врати ликвидноста на банкарскиот систем и да почнат дискусии за отпишување на долгот.

Извор:  (МИА)

Посетеност: 237
Share
Previous Post

Филмот „Татко“ ќе се натпреварува за главната награда во Карлови Вари

Next Post

Каква е иднината на еврото?

Next Post

Каква е иднината на еврото?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 237

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk