• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јули 7, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Дали е подобро да се туширате наутро или навечер?

август 19, 2015
in Uncategorized
Навиките за туширање се индивидуална работа, но со достапноста на вода повеќето луѓе во развиениот свет денес се тушираат секојдневно.

Генерално, туширањето се смета за поздрав начин на чистење од капењето, кое подразбира седење во вода преполна со мртви клетки и нечистотии.

Експертите предупредуваат дека секојдневното туширање, колку и да е пријатно и посакувано во периодот на големи горештини и зголемено потење, не е толку здраво за кожата затоа што ја суши природната масност која служи како заштита.

Агресивните средства со многу детергент можат да предизвикаат прекумерно сушење, па и потење, па се советува само повремено да се користат гелови за туширање, а почесто да се миете само со обична вода.

Навиките на туширање се често и културолошки, па на пример во Азија луѓето почесто се тушираат навечер, додека во САД обично се тушираат наутро. Во Европа нема такви правила, па љубителите на утринско како и вечерно туширање се во сличен број.

Предности на утринско туширање:

1. Утринскиот туш ќе ве разбуди подобро отколку кафе – ја поттикнува циркулацијата и го забрзува пулсот, со што телото го става во функција и овозможува подобра концентрација во утринските часови.

2. Туширањето наутро е подобро за луѓето со масна и нечиста кожа, со оглед на тоа што во текот на ноќта се потиме па се лачи себум кој цел ден останува на површината на кожата и може да ги затвори порите. Се советува користење на млака вода.

3. Утринското туширање ја олеснува напнатоста во мускулите, па со тоа е одличен начин да ја намалите укоченоста на вратот или болката во грбот.

Предности на вечерното туширање: 

1. Туширањето навечер е одличен начин на опуштање после напорен работен ден. Тушот го намалува крвниот притисок и го намалува стресот.

2. Вечерниот туш ќе ви помогне побрзо да заспиете – тој е потврден лек за несоница затоа што делува смирувачки и му сигнализира на телото да започне со лачење на мелатонин, хормон кој го поттикнува сонот.

3. Вашата постелнина ќе биде чиста ако се туширате пред спиење. Имено, дури и себе си да се сметате за исклучително чиста личност, себумот и мртвите клетки се таложат на кожата.

Извор: tocka.com.mk 

Посетеност: 104
Share
Previous Post

7-те изуми на Коко Шанел за кои жените засекогаш ќе ѝ бидат благодарни

Next Post

Започна петтиот меѓународен „Фер плеј куп“ во Охрид

Next Post

Започна петтиот меѓународен „Фер плеј куп“ во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 104

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk