Александар Ристевски, колумнист и културен работник од Скопје.
Роден сум на 17 февруари, едно студено зимско утро во Битола. Само неколку месеци по доаѓањето на овој свет, ме носат во Скопје, каде што го поминав целиот свој досегашен живот.
Каде и да сум одел и патувал ни светот, дома ми е најубаво. Покрај Скопје секогаш уживам во посетата на моите три омилени македонски градови: Битола, Охрид и Крушево. Сите во себе кријат некоја магија и секој од нив ме плени за посебен начин.
И овој роденден ќе го поминам како и останатите, во кругот на најблиските, со потесното семејство. Секојдневните обврски се стандардни во сферата на културата, а денот не поминува и без стандардните анализи на општествените случувања.
Не престанувам да бидам непоправлив оптимист, и да верувам и да се надевам дека еден ден ќе живееме во една нормална земја, без секојдневни стресови и драми.
Публицитет.мк