
Александра Ристоска, дипломиран новинар од Охрид.
Уште еден роденден во здравствена пандемија, но овојпат со оглед на тоа што веќе започна имунизацијата, годинава, освен со најблиските, ќе биде одбележан и со драги луѓе кои ми се веќе вакцининирани. Што може да се посака во вакви услови? Најважно е здравјето, а се друго ќе си дојде само по себе. Да се надеваме дека ковид-19 ќе спласне што побрзо за да можеме да се вратиме на нормалното секојдневие. Публицитет, благодарам за укажаното внимание, и Ви посакувам да бидете успешни и читани како и досега, па дури и повеќе!
Публицитет.мк







