
Горан Момироски, сопственик и уредник на веб порталот OhridNews.
Животот колку што е убав е и непредвидлив. Знае да те крене, па да те падне, да донесе убави моменти, но и бури кои за миг менуваат се. Ова ми е прв роденден без моите родители кои неодамна ненадејно заминаа од овој свет. Во само неколку дена коронавирусот вечно ги затвори нивните очи, иако знам дека и сега ме гледаат, од некое поубаво место на небото. Јас имав среќа да го победам ова зло, кое никој, ама никој не смее да го игнорира и потцени. Таков е животот, понекогаш носи среќа со горчлив вкус. Така некако се чувствувам денес. Се разбира животот продолжува. После секоја бура, доаѓа сонце. Време е за убави нешта.
Публицитет.мк






