
Чедомир Б. Шопкиќ – Уредник во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, поет и писател.
Денес моите години се споија за да го прослават моето минато, сегашност и иднина. Секоја година во исто време ми чукнуваат на вратата на животот. Ги пуштам да влезат.. мои се и секоја на свој начин ми е важна и не ја давам. Какви и да се, мои се. Без нив јас не би бил јас. Несомнено ме научија никогаш да не барам причини за тага, туку малите нешта се оние што ја прават среќата голема. Добредојдени се, сѐ додека не го загрозуваат мојот дух кој одбива да ги следи . Нека ми простат годините што доцнам зад нив. Им наздравувам ним и вам драги луѓе. Да сте живи и здрави . 63тиот роденден ќе го прославам работно опкружен со љубовта на најблиските, вниманието на пријателите и на колегите. Ви благодарам Публицитет.мк за вниманието што овој ден ми го правите уште позначаен. Уште долги години да си честитаме и заеднички да прославуваме живот.
Публицитет.мк







