
Данче Коческа Џикова родена во село Велгошти – Охрид живее и работи во Мелбурн – Австралија веќе 50 години .
Последните години како пензионер со својот сопруг секое лето го поминувавме во нашиот убав Охрид.
Во Австралија од самото доаѓање овде сум вклучена во Македонската заедница во црковниот живот. Сум била
претседател на Црковната општина Успение на Пресвета Богородица во Мелбурн и долгогодишен член на Охридското социјално друштво „Св Наум Охридски“ .
Мојот роденден секоја година го прославувам со мојата фамилија. Со сопругот, двајцата синови, снаите и со моите две внучина, но и со моите блиски пријатели.
Еве веќе втора година со актуелнава состојба со КОВИД – 19 за жал животот се смени и мораме да се навикнеме на поинаков живот. Затоа роденденот ќе го прославам само со сопругот и моите две принцези. Тоа е невообичаено за мене за тоа што ги сакам дружбите со пријателите и специјално со фамилијата ќе ми недостигаат многу но мораме за сега да ги почитуваме мерките за нашето здравје и здравјето на најблиските . Голем поздрав до сите мои роднини и пријатели во мојот Охрид и каде и да сте ве молам чувајте се!
Благодарам од срце Публицитет.мк
Публицитет.мк







