
Емилија Несторовска – дипломиран економист на Економскиот факултет УКИМ во Скопје.
Љубител на музиката, смеата, природата, дружбата, патувањата… Љубител на се она што е убаво, а најмногу на родниот град Охрид.
Денот на кој сум родена, Бадник или Коледе ми е посебно драг ден бидејќи е предвесник на најголемиот христијански празник, Христовото раѓање. Овие празници ги сплотуваат луѓето, ги забораваме различностите меѓу нас и ги славиме во мир и хармонија.
Денес полнам 25 години и во оваа година влегувам со повеќе оптимизам и желби за подобро утре.

Благодарам Публицитет.мк за вашето внимание и на сите од срце Ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници.
Публицитет.мк







