
Васко Јованоски, д-р специјалист – интернист во Општа болница – Охрид.
Овие денови за мене значат многу, пред се’ поради средбите со семејството и верските празници.
Додека го пишувам ова се враќам од Скопје каде сум на стручно усовршување на супспецијализација на гастроентерохепатологија.
Па така, токму овие празници ќе бидат добредојдени за убаво расположение и одмор. Имам двојна радост во два дена, да го прославам мојот роденден денес, како и на мојот син кој утре на Божик ќе го слави вториот роденден во кругот на потесната фамилија како и на блиските пријатели кои за мене се тука и во добро и во лошо.
И на крај да се заблагодарам на укажаната чест, како и да ви ги честитам претстојните празници. За многу години.
Публицитет.мк







