Јовица Тасевски – Етернијан, поет, книжевен критичар и есеист од Скопје .
Роденденот ќе го прославам со моите блиски, во пријатна и опуштена атмосфера, бидејќи од денес ми почнува годишниот одмор. Прославата на родендените ја сфаќам како повод за благодарност кон Бога за сите убави мигови и содржини со кои биле исполнети годините од нашиот живот што поминале како и со очекување за уште благослови и радост во годините што ни претстојат. Секако, поезијата со високи естетски вредности и длабочина, проткаена со нишката на вечноста, ја сметам за една исклучително убава содржина во мојот живот како и во животот на сите посветени читатели, меѓу кои има многу читатели на мојата поезија од Македонија и од триесетина држави каде се објавени мои песни препеани на над дваесет јазици, а се надевам дека во годината од моето опстојување што ми претстои ќе произлезат нови стихови во кои ќе уживаат љубителите на убавите креативни дела составени од зборови што проблеснуваат со многубројни асоцијации.
Публицитет.мк