Doktor Scientiae, Primarius Климент Матоски, педијатар во пензија од Струга, роден во 1940 година.
Вчера наплнив 82 години и за тоа му благодарам на Бога. Прослава – секако најубавата можна – во круг на фамилијата и секако многу скромно, со обѕир и на можностите но и на возраста. Задоволен од себе си ? Тешко прашање, уште потежок одговор. Откако знам за себе, знам за многу, многу според обем и според тежина, и според одговорност – РАБОТА, ЗАЛОЖБИ, УСПЕСИ, ПАЃАЊА И НОВИ ПОДИГАЊА И НОВИ ПРОДОЛЖЕТОЦИ. Од како знам за себе, многу учење – прво занает а потоа наука – наука до највисокиот степен – две докторски дисертации. Сатисфакција ? Огромен број одличја и признанија – локални, државни – републички (МКД) и сојузни (СФРЈ). Највредни ? Специјалистичко звање, Примариус, Двоен доктор на науки, златен медал за крводарителство ( преку 70 крводарувања), Голема јубилејна значка за 60 години активност во Црвен крст на Македонија, Сојузна (СФРЈ) Повелба за екологија, Повелба од Српско лекарско друштво, Златна плакета од Македонско лекарско друштво, Највисока награда – Свети Наум Охридски – доктор на годината (2001) од Лекарска комора на Македонија, и уште многу, многу други. Диплома за завршен МАЈСТОР за кувенџиски – златарски – јувелирски занает . Објавени преку 50 лични трудови со теми од научноистражувачка работа во педијатријата и повеќе од 20 коафторски трудови од истата област . Објавени неколку научни – стручни книги, на повеќе од 2000 страници ( две на Google), . Објавени 3 книги со наративен карактер – последна, во 2020 година, книгата ” Струга во мојата душа”, на преку 600 страници . Една готова, необјавена книга со наслов :” ДОКТОРОТ ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ШАЛТЕРОТ” .
Заради што и со што сум најсреќен ? Фала Ти Боже. Имав исполнет живот на многу полиња, но сето тоа би немало значење, без неизмерната среќа што ми ја пружа СЕМЕЈСТВОТО, пред се и секако неброено многуте пријатели. Кога се чувствувам многу горд ? Кога на улица ме запираат одамна заборавени луѓе, и на малите дечиња што ги водат, им велат :” Гледајте внучиња, овој чичко му го спаси животот на вашиот татко или мајка…. За ова, нема ниту цена ниту замена “.
Разочарувања ? Ох да, секако. Живееме некое чудно време на ИЗВРТЕНИ ВРЕДНОСТИ. Надеж ? Секако. Секое време – свое бреме . Секогаш може повеќе и подобро. Многу се лутам кога читам како некои, кој знае од каде и со каква намера и цел, кажуваат за наши деца дека биле полуписмени, некадри, со лошо образование и слично. Одговорно тврдам дека имаме висококвалитетни и мошне поинтелигентни млади луѓе, од нивните. Неопходно е да им се даде шанса. Ќе спомнам кратко – безброј наши млади, во светот имаат огромен успех и котираност.
За крај – една моја промиса – ” Ако со мојот труд, сум успеал да му го спасам животот или да му го подобрам квалитетот на живеење, макар НА САМО ЕДНО ДЕТЕ, ТОГАШ ВРЕДЕЛО – ВРЕДЕЛО СЕ ШТО СУМ СТОРИЛ, ВРЕДЕЛО ШТО НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ, СУМ ГО ПОСВЕТИЛ ПОВЕЌЕ НА ДРУГИТЕ ОТКОЛКУ НА СЕМЕЈСТВОТО. Ти благодарам Господе. ДА ЖИВЕАТ СИТЕ ДЕЦА НА СВЕТОТ, во здравје, мир и благосостојба – АМИН. Doktor Scientiae, Primarius Климент Матоски, педијатар во пензија од Струга, роден во 1940 година.
Публицитет.мк