
Д-р Климент Наумов, доцент при Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, раководител на катедрата по гастрономија и хотелско ресторански менаџмент.
Родендените ме тераат на длабоки размислувања за значењето на животот и суштината на нашето постоење на земјата. Творецот одбрал да се родам во Охрид, а тоа не е само привилегија, туку и големо бреме и одговорност.
Овој сјаен светилник обликувал една плејада значајни фигури, од кои еден голем дел Светии. Како што минуваат моите лета, откривам дека во давањето има поголема добивка од земањето.
И да, се’ уште не можам да ги преболам исечените липи и осакатените дрвореди, а од бетонската монструозност длабоко се грозам и срамам.
Овој 38ми роденден ќе го прославам во кругот на најблиските.
Публицитет.мк







