
Мерал Мусли од Скопје. Новинарка во МТВ турска редакција со близу 26 годишно искуство .
Роденденот го славам со моите најблиски…Прво сабајле со моите деца и сопругот кој што први ми го честитаат, па потоа на работа со колегите и после работа дома повторно чекам најблиски роднини што ќе ме посетат за роденденот да ги почестам традиционално со торта или со други слатки како на пример баклава , раванија, еклери и други татлии.
Се забавуваме,слушаме наша традиционална музика и уживаме во веселиот амбиент.
Утредента семејно одиме со децата и сопругот на ручек или вечера заедно за да го обележиме денот.
Среќна сум и настојувам животот да го живеам квалитетно и возбудливо.Со многу спорт, прошетки пикник во природа, викенди на езеро или планина и го користам и го грабам секој момент од животот да го искористам бидејќи тој е само еден ….и само животот нема реприза.
Публицитет.мк






