• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Премиерот Ковачевски присуствуваше на отворањето на Генералното собрание на ООН во Њујорк

септември 20, 2022
in Актуелно
Премиерот Ковачевски присуствуваше на отворањето на Генералното собрание на ООН во Њујорк

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, кој предводи Владина делегација во Њујорк, денеска присуствуваше на отворањето на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.

Годинешната генерална дебата на Генералното собрание на ООН е посветена на дискусија на тема „Трансформативни решенија на испреплетени предизвици“, со фокус на решенијата кои земјите ќе ги изнајдат преку солидарност, одржливост и наука. Генералната дебата ја отвори генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш во присуство на лидерите и делегатите од земјите членки на Организацијата на Обединетите нации. Главен фокус на отворањето беше позицијата и повикот за заедничкото делување и дијалог како единствениот начин кој ќе овозможи развој. Воедно, беше посочено дека ниту еден глобален предизвик, не може да се реши без здружени напори на сите земји и чинители.

Покрај присуството на генералната дебата на Генералното собрание на ООН, денеска попладне премиерот Ковачевски, заедно со останатите негови колеги од земјите од Западен Балкан ќе присуствува и на работен ручек, организиран од високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

За утре е предвидено претседателот на Владата Димитар Ковачевски да се обрати на состанок по повод 30 години од Декларација за малцинските права, а на 24 септември ќе говори на Генералната дебата на Генералното собрание на ОН.

Премиерот Ковачевски во рамките на посетата на Њујорк ќе има и неколку билатерални средби и предавање на Универзитетот Колумбија.

Владината делегација, која ја предводи премиерот Ковачевски во Њујорк, ја сочинуваат министерот за надворешни работи Бујар Османи, постојаниот претставник на Република Северна Македонија при Обединетите нации во Њујорк, Љубомир Фрчковски, Едмонд Адеми, советник за надворешни работи на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Публицитет.мк 

Посетеност: 112
Share
Previous Post

Владата за три месеци го продолжи замрзнувањето на маржата на основните прехранбени производи

Next Post

Денес им е роденден: Мерал Мусли

Next Post
Денес им е роденден: Мерал Мусли

Денес им е роденден: Мерал Мусли

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 112

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk