
Мирко Марковиќ од Белград. Тој е претседател на INternetCluba, автор на www.biblioteke.org.rs – www.internet.org.rs – www.digitalizacija.rs – www.kultura.org.yu, www.balkanlibrary.net, www.knjiznice.net и секојдневно истражувач и човек кој секојдневно ги применува новите видови на комуникација.
Драги колеги Ви благодарам за роденденската честитка навистина ме изненадивте, позитивно. Десет години работев активно како новинар од почетник до директор и го знам патот на една информација од авторот до читателите.
Овој ден ќе го поминам вообичаено, со за мене драги луѓе и со одговор на бескрајно многуте честитки преку социјалните мрежи кои стигнуваат на мобилниот. Си посакувам добро здравје и проширување на моите и на видиците на моите колеги особено сега во областа на библиотекраството.
Јас ќе продолжам да ја ширам мисијата преку моите 20 книги од областа на белетристиката, драма до библиотекарството, книжевната критика и литература за деца. Ќе има и нови…
Како поранешен новинар и автор во култниот Невен детето во мене и денес се радува на секој убав гест.
Со најголема радост се сеќавам на времето минато во хумористично – сатиричните списанија ЈЕЖ и ОШИШАНОМ ЈЕЖУ каде ги запознав сите човечки ликови и наличја.
Публицитет. мк







