
Наташа Андрееска-Одговорен уредник на Прв програмски сервис на Македонско радио,Радио Скопје.
-Оваа недела е посебна за мене,зашто е мој роденден.Среќна сум,здрава сум,задоволна со работата во Македонското радио. За првпат годинава роденден во кругот на семејството поради ковид кризата која не двои од бакнежите и прегратките со пријателите.Бајадерите, тортата и виното се тука, љубовта ме следи со една моја желба, да сме здрави и живи пријатели, догодина да надокнадиме за сегашново мирување, со прегратки,со насмевки и весела дружба како некогаш. Недостигаат старите добри времиња но што е, тука е. Ќе помине.
Слушајте Македонско радио,радио Скопје!
Поздрав до читателите на Публицитет.мк
Публицитет.мк







