
Орхидеја Тасевска, Научен советник при ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид.
Им се радувам на родендените. Заокружуваме една година постоење, творење, вложување во себе, во семејството. И стапнуваме во следната со надеж дека ќе биде поплодна, посреќна, поисполнета. Јас и моето семејство секогаш се трудиме да им дадеме посебна нота на ваквите денови со некое мало пријатно изненадување, исполнување на желба или посебен семеен ручек. Овој период кога сите стравуваме за своето и здравјето на нашите најмили, посакувам што побрзо да дојде времето кога слободно и безгрижно ќе можам да ги гушнам и бакнам моите блиски за да им се заблагодарам за сета љубов, нежност и внимание кои ми ги даруваа изминатава година. Публицитет, огромно благодарам за укажаното внимание. И чувајте се!
Публицитет.мк






