
Жанета Скерлев, новинарка и вљубеничка во медиуми.
Родендените ги сакам и ги славам, сама и во друштво, и моите и на моите сакани и драги. Секој повод за славење, што се однесува до мене, е добар повод! Посебно оваа година, главно никаква, која ни помина некако … како песок низ прсти, со светската ковид пандемија, ни даде повод да застанеме, заедно со светот и подлабоко да размислиме за нас и за животот и за тоа што е важно, а што сосема неважно… И ете, ја откривам тајната – важно е да се сакаме и почитуваме и помагаме, и себеси и другите, и тука и секаде. За сите родендени и славеници, една мисла – среќа и здравје и љубов! Со акцент на – ЉУБОВ.
Публицитет.мк







