
Павел Филев од Охрид. Доктор по општа медицина, иако никогаш активно не сум се занимавал со тоа што сум го завршил, сепак сум горд што се определив да ја продолзам нашата сега скоро едновековна фамилијарна традиција на изработка на оригиналниот охридски бисер во Фамилијата Филеви.
Сега на свои полни 65 години можам да констатирам дека сум горд најстар изработувач на оригиналниот охридскиот бисер и горд татко на двајца школовани наследници на четвртата генерација изработувачи на оригиналниот охридски бисер но и општо во областа на накитот и уметноста како целина, мојата ќерка Марија и синот Димитрија.
Овој ден е за мене посебен не само поради тоа што оваа година е јубилеен туку и поради тоа што сум роден на преубав христијански празник – Павловден, но исто така и годишнина од брак со мојата сопруга д-р Охридија Филева. Навистина преубави настани во еден ден кои го прават моето постоење да има смисла и цел.

Голема благодарност за честа што ми ја укажа Публицитет.мк
Со почит,
д-р Павел Филев







