
Пере Ристески е роден 13.7.1977 во Струга. Има објавено 12 книги поезија од кои 8 со хаику поезија. Работи како наставник. Живее во Охрид.
Роденденот ќе го поминам во карантин. На оваа возраст роденденот ми нема значајна улога, ни напиша Пере.
Пере Ристески е единствениот исклучиво хаику-поет во Македонија. Громок во светските хаику-кругови и асоцијации (добитник на интернационални награди за хаику, објавуван во интернационални зборници во разни земји од светот), Ристески шепоти на домашното тло, и тоа само заради фактот што поетската форма на хаикуто кај нас сè уште споро патува од Јапонија. На нашите простори хаикуто се смета за далечна егзотика и како таква привилегија на „одбрани“ поети/поетеси. Оваа притаена стравопочит го сведува хаикуто на, да се послужам со остроумните зборови на поетот Ефтим Клетников: „грип што сите го префатија“. Меѓутоа, само Ристески го сруши кинескиот ѕид меѓу балканската и источноазиската поетска култура и продре длабоко во суштината на есенцијата на оваа поетска форма, која, секако, пред сè, функционира според системот на правилата на јазикот на кој му припаѓа.
*консонантите
на дождот
виножито
*домашен карантин
бунтот
на мозолчињата
*пикник
и колбасите
на растојание
Публицитет.мк







