Рубин Земон, доктор по етнологија или социо-културна антропллогија, поранешен пратеник во Собранието.
-Овој роденден за мене е јубилејен, односно ќе одбележам половина век од мојот живот. Бидејќи е специфичен поради Корона -19 пандемијата, со моето семејство ќе ручаме на брегот на Охридското Езеро со почитување на мерките за здравствена заштита. Соочен со фактот дека се навршува пола век од мојот живот, веќе неколку дена на мојот ФБ профил, постирам фотографии и песни, со коментари што на некој начин оставија трага во мојот живот и карактер во изминатите 5 декади. Родендените се убави прилики да се прослави животот, ретко го славиме животот, но и одлични “точки” во нашиот животен пат да се потсетиме каде сме биле пред 10, 20, 30 години, да се преиспитаме дали животот ни се развива по посакуваната траекторија, и поставените цели и каде треба да го насочуваме во пократок или подолг рок.
Публицитет.мк