Ружица Матлиеска, самохрана мајка и хуманитарец од Струга
Денеска го прославувам 37 –от роденден во потесен круг,со најблиските и најдрагите личности во мојот живот… Секако и денеска мој центар на светот ќе биде ќерка ми Андреа. Таа е мојата најголема поддршка. Андреа е главен организатор на моите родендени и секогаш е радосна и среќна кога го прославуваме.Мојата мисија е да им помагам на луѓето, без никакви примања и без ништо за возврат, ја работам оваа работа со големо срце. Душата ми се исполнува кога ќе обезбедам нешто што е потребно за некого, толку малку а за тие луѓе претставува нешто големо. Почнав да се бавам со оваа хуманитарна работа пред 4 години,кога мојата Андреа имаше само 3 години…
Кога треба да се помогне и да се обезбеди нешто за некого на кого навистина му е потребно, Андреа е секогаш тука како моја поддршка, од мали нозе е борец и другар кој гледа заедно со мене да им се помогне на социјално загрозените, на децата со посебни потреби, на самохраните родители и болни дечиња… Моја најголема желба е да помине пандемијава и да можеме да си ги прославуваме родендените,прославите онака како претходно што си знаевме…
Посакувам многу здравје на секого и Господ да не чува од лоши енергии и од такви луѓе.
Публицитет.мк