Тоде Илиевски – писател, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист од Охрид.
Јас сум млад пензионер, ама не успевам да најдам доволно време за спокојно да работам на книжевноста. Затоа често доцнам со обврските. Во моментов зафатен сум со превод на книга.
Сепак, за мојот роденден овојпат имам планирани активности. Планирано е дружење и „работен“ ручек со колеги на одбрано, инспиративно место. Потоа ќе има импровизација – средби по договор и ведри теми за разговор.
А утре е Осми март. Им го честитам на сите што го празнуваат! Во некој круг можно е и да прочитам некоја моја песна!
Публицитет.мк