Виолета Хаџи-Скерлева, екс-новинар, веќе одамна среќна пензионерка…
-Уште еден роденден дочекав: посиромашна за некои драги ( тоа е животот – арното барабар со лошото!), ама, сполај му, се уште богата за други драги и вистински. И тоа е единственото богатство што човек може да го има. Засекогаш. Се е, инаку, минливо – и „големите кариери“ по кои трчаме (кој повеќе, кој помалку), и неброените азна што алчно, како невидени, ги калапиме (кој повеќе, кој помалку), и божемните „мисии за спас на светот“ со кои се занесуваме (кој повеќе,кој помалку), и вечната љубопитност се да се знае и за се да се има мислње, „експертски став“… се минува, испарува,исчезнува… Останува само слободата да се биде свој и неоптоварен од „обврската за (политичка) коректност“… и привилегијата да се „имаат“ вистинските околу себе. Ако ја имате среќата навреме да ги сретнете во животот и патиштата да ви се вкрстат, макар и накратко. Како се пластат годините, се појасно ја сфаќам мислата водилка – зграпчи го денот! И во неа ја гледам смислата на родендените. Затоа и ги сакам. Секој поодделно… сите заедно! Па нека ми е среќен и овој… мене и на „моите“!
Публицитет.мк