
Владимир Василески – Музички Артист од Охрид.
Конечно дома и случајот сакаше моето доаѓање во најубавиот за мене град Охрид да се поклопи со денот на моето раѓање.
По подолго време еве роденденот ќе го славам заедно со моите најблиски, со оние на кои секојдневно мислам кога сум по светот.
Независно од времето – денеска прво ќе прошетам по кејот, ќе го слушнам говорот на езерото и ќе пијам кафе или чај во некое охридско кафуле за да сфатам – ете дома сум.
Искрено, кон мојот роденден немам некој посебен однос – важно ми е да ми е убаво и да си речам: Одам натаму.
Како сите музичари и јас за Нова година ќе работам. Ќе имам концерт во Скопје во Клубот „Станица 26“. Повелете и среќни празници.
Публицитет.мк






