
Во петок, на 20 декември, со почеток во 19 часот, во Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи поетско читање на кое поети од различни генерации ќе ја искажат својата почит кон ликот и делото на Блаже Конески.
Тие ќе прочитаат по една песна од Конески по свој избор и една сопствена песна. Ќе настапат: Зоран Анчевски, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Кристина Николовска, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо ќе се вклучи и Лидија Димковска. Настанот ќе го модерира Александра Јуруковска.
Публицитет.мк







