Починатата фудбалска легенда Јохан Кројф имаше формулирано сет правила, според кои тој смета дека треба да се води секој фудбалер.
Тој ги објави 10-те правила во неговата книга „Го сакам фудбалот“ и тие ја отсликуваат неговата филозофија на живеење.
1. Публиката и играчите треба да уживаат во фудбалот. Фудбалот е спектакл, ако не е, тогаш не е фудбал.
2. Техниката и нејзиното усовршување треба да бидат главна грижа на секој играч.
3. Секогаш треба да бидеме подготвени да учиме нови работи од другите.
4. Возбудата е основно нешто воопшто, посебно во фудбалот.
5. Почитта за соиграчите, публиката и за судиите е основно нешто во фудбалот и во животот.
6. Треба да бидеме добри соиграчи и да прифатиме дека другите прават грешки и ние треба да им помогнеме онака како што би сакале тие да ни помогнат, кога ние ќе направиме грешка.
7. Во фудбалот и во животот најважно е да знаеш да функционираш во тим и да разбереш дека еден играч сма не може да добие натпревар.
8. Да испорачаш 100% од можностите е апсолутно неопходно во фудбалот.
9. Фудбалерот има огромна општествена одговорност. Тој е пример за многу луѓе и ги претставува клупските бои и навивачите.
10. Фудбалот е добра школа за личен развој и помага личноста да созрее.
Извор:www.derbi.mk