Утре, четврток во Маврово ќе биде пуштена во употреба Детската едукативна патека од 1 км. Истата е наменета за деца на возраст од 6 до 12 години која има за цел да ги запознае дечињата со биодиверзитетот во регионот, да го погледнат првиот Хотел за инсекти, да ги набљудуваат орлите, но и да се вклучат во некоја од интерактивните игри.
Официјалното пуштање на детската патека која се наоѓа во локалитетот Бунец, е закажано за 12:00 часот кога водичите за првпат и промотивно ќе ги прошетаат децата низ патеката.
Патеката ќе ја отвори Директорот на Националниот Парк Маврово, г. Онер Јакуповски, заедно со претставници од Швајцарската Амбасада како и водичите од здружението одговорно за турите на патеката – UpLand Adventure.
Публицитет.мк