Школата за пливање која ова лето под мотото ПЛИВАЈ И УЖИВАЈ на плажата „Куба Либре“ ја водеа проф. Валентина Караѓуле и проф. Кате Бујароска Анѓелеска ја заокружи сезоната со доделување на дипломи за успешно завршен курс по пливање на своите членови.
На заедничката завршна дружба, не можеше да се сокрие взаемното задоволството на дечињата, родителите, бабите и дедовците и инструкторките, од прекрасно поминатото лето исполнето со пливање, вежби, дружење, натпревар, насмевки, како и мотивираноста за уште поголеми успеси.
Најзначаен настан од оваа сезона беше пливачкиот митинг натпревар, кој во соработка со пливачката школа по пливање „Лаки“ од Прилеп се одржа на плажата Горица.
Во четирите категории во машка и женска конкуреција силите ги измерија вкупно 50 пливачи на означеното пливалиште од 25 м.
Возбудата на натпреварувачите и гласното навивање му дадоа на езерото посебен сјај.
Пливачите од Охрид и Прилеп си заминаа од натпреварот со ново искуство, и со потврда дека трудот кој го вложуваа целото лето не беше задуден.
Дипломите и пригодните подароци обезбедени од двете школи беа поттик дечињата да веруваат во себе и во своите способности и дека само со упорност, труд и волја можат да бидат успешни.
Овој спонтано организиран настан со инструкторите од Прилеп , проф. Даниел Василески и проф. Валентин Ангелески, донесе среќа и насмевки кај сите присутни како и идеи за идни вакви натпревари кои ќе го јакнат спортскиод дух кај децата.
По завршување на летната сезона со пливање, стартува нозата сезона со вежби по спортско-корективна гимнаситка и одбојка. ДОВЕЖБАЊЕ !!!
Публицитет.мк