До недела суво и стабилно време
Во Македонија во наредните денови ќе продолжи стабилното време со појава на локална облачност. Во среда и петок по студените утра во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Утринските температури од -7 до 0 степени, а дневните од 1 до 12 степени. Во четврток и сабота умерено облачно со сончеви периоди. Максималните температури во четврток од 2 до 10 степени, а во сабота од 4 до 12 степени.
Публицитет.мк