Ова се 7-те избрани финалисти за автомобил на годината во Европа – 2016
Изборот за европски автомобил влезе и во последната фаза, откако жирито ги објави 7-те финалисти кои ќе се борат за круната автомобил на годината во Европа за 2016-та година.
Краткиот список на кои се напишани прогласените 7 финалисти се автомобили кои претходно беа дел од 40-те предложени автомобили за учество во овој “натпревар”. Но на големо разочарување за голем број од фановите, дел од 33-те елиминирани кандидати се и Alfa Romeo Giulia, Infiniti Q30, Tesla Model X, Toyota Mirai, Ford Mustang и Land Rover Discovery Sport.
Како одговор за овој потег во соопштението стои дека сите кандидати треба да бидат на продажба во моментот или да започнат со продажба до крајот на оваа година и тоа во најмалку 5 европски држави.
Прогласувањето на победникот ќе се одржи на 29 февруари на авто саемот во Женева, а како официјални кандидати за автомобил на годината во Европа за 2016-та година се:
– Audi A4, BMW 7-серија, Jaguar XE, Mazda MX-5, Opel Astra, Skoda Superb, Volvo XC90
Извор: rpm.mk