Вчера , во раните утрински часови по европско време, на две паралелни церемонии во Њујорк и Беверли Хилс , Калифорнија ,виртуелно беа доделени наградите Златен глобус по 78 пат . Домаќинка на церемонијата во Њујорк беше актерката Тина Феј а домаќинка во Беверли Хилс, Ејми Полер. И обете церемонии беа пренесувани во живо на Ен – Би – Си а наградените во живо се јавуваа од различни локации во светот.Наградите ги доделува жирито на странски дописници во Холивуд во категоријата филм и телевизиски остварувања.
Оваа година заради пандемијата Ковид -19 , цермонијата се одржа два месеци по вообичаениот термин во јануари.Номинациите за наградите беа објавени на 3. Февруари. 2021 година.
Еве ги добитниците на наградите:
За најдобар филм, драма, очекувано, наградата Златен глобус ја освои филмот „Земја на номадите“ во режија на Клое Жао .Филмот досега освои голем број на филмски награди вклучувај ќи го и Златниот лав во Венеција во изминатата година а сигурно ќе биде и еден од номинираните филмови во повеќе категории за наградата Оскар.Се работи за филм кој говори за една жена која по големата криза во 2008 година ќе ги спакува своите работи во својот автомобил и одлучува да живее како номад, возејќи се по американскиот запад .
За најдобар филм ,комедија/мјузикл, наградата ја освои филмот „Борат2“во режија на Џејсон Волинер со Саша Барон Коен во главната улога.Тој во филмот игра улога на новинар од Казахстан кој носи подарок за американскиот подпредседател Мајк Пенс.
Наградата за најдобра машка улога во драма , посмртно,му припадна на актерот Чедвик Боузман за улогата во филмот „Ма Рејни:Мајката на блузот“.Како што е познато, Боузман ненадејно почина на 43 годишна возраст пред шест месеци кога неговата смрт ги шокира неговите почитувачи.
Иако многумина очекуваа дека наградата Златен глобус за најдобра женска улога ќе и припадне на двојната оскаровка Френсис Мек Дорман за улогата во филмот „Земја на номадите“, сепак тоа не случи и наградата во оваа категорија заврши во рацете на Андра Деј за улогата во биографскиот филм „ САД против Били Холидеј“.
Златниот глобус за најдобра улога во комедија/ мјузикл ја освои Саша Барон Коен за улогата во филмот:„Борат 2“.Добивањето на наградата , тој во свој стил ја прокоментира со зборовите:„Почекајте , Доналд Трамп ги оспорува резултатите. Тој тврди дека гласале многу мртви луѓе“
Во женска конкуренција оваа награда и припадна на актерката Розамунд Пајк за улогата во филмот„ Многу ми значи“
Британскиот актер Даниел Калуџа ја освои наградата Златен глобус во категоријата најдобра споредна машка улога за толкување на ликот на Фред Хамптон – активист на Црните Пантери ,во филмот:„Јуда и црниот Месија“.
Во женска конкуренција наградата ја освои Џоди Фостер за улогата во филмот „Мавританецот“.
Во категоријата најдобар режисер, наградата Златен глобус ,отиде во рацете на режисерката Клое Жао за филмот „Земја на номадите“. Таа е родена во Кина но работи во САД.Воедно таа е втората жена во историјата на оваа престижна награда (по Барбра Стрејсенд )која го освоила Златниот глобус во оваа катагорија.
По добивањето на наградата , 38 годишната режисерка изјави:„Им благодарам на сите кои ми овозможија да го правам она што го сакам.Се вљубив во правењето филмови и во раскажувањето приказни зошто тоа ни дава можност да се смееме и плачеме , заедно да учиме едни од други и да имаме повеќе сочувство“.
За најдобар анимиран филм наградата Златен глобус ја освои компјутерски анимираниот филм „ Душа“ на компанијата Пиксар – Волт Дизни.
Во категоријата најдобар странсаки филм наградата ја освои , на големо изненадување, корејско –американскиот филм „Минари“ . Станува збор за семејна драма со елементи на комедија во која едно корејско семејство се доселува во државара Арканзас во потрага по „американскиот сон“.
Наградата Сесил Б.Де Мил , која се доделува за животно достигнување во филмската индустрија и беше доделена на американската актерка и активиска Џејн Фонда која зад себе има неколку филмови по кои ќе биде запаметена во историјата на седмата уметност.
Најголем губитник на доделувањето на годинешните награди е драмата „Манк“ на стриминг сервисот за видео и тв содржини „Нетфликс“, кој имаше најмногу номинации,дури шест,но остана со празни раце.
Но, од друга страна „ Нетфликс“во категоријата на тв награди освои шест награди во категориите на тв серии.
Нивната тв серија „Круна“, која го прикажува животот на британското кралско семејство, е прогласена за најдобра драмска тв серија. Актерката Ема Корин која во серијата го игра ликот на младата принцеза Дијана, е прогласена за најдобра актерка во драмска тв серија.За најдобар актер во истата категорија е прогласен Џош О’ Конор кој во серијата „Круна“ го игра ликот на принцот Чарлс.
Нетфликс ги освои наградите и во категориите за Најдобра серија –комедија („Шит’с Крик“) како и во категоријата минисерија („Дамски гамбит“)
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк