Од неодамна пријател на нашиот веб портал „Публицитет.мк“ и нашата ФБ страница е Драган Миладиновски од Велес.
По професија е дипломиран актер,а во мигов е директор на Институтот за култура при Меѓународниот Славјански универзитет во Свети Николе.
Миладиновски вели дека е пасиониран фотограф и дека неуморно насекаде слика и никаде не оди без фото опрема. Ни пишува дека често навраќа во Охрид и го регистрира речиси секој слободен и интересен миг .
Во фокусот на фотоапаратот по наш избор му се лебедот, разбрануваното езеро и сите негови сини нијанси.
Му благодариме за испратените фотографии и се надеваме на идна соработка.
Публицитет. мк