Фотографијата на неделата овој пат ја презедовме од фејсбук профилот на Дргана Стефаноски од Струга.
Тој во најавата на малиот фото албум од Струга напишал: За сите фотографии што се пласираат за нашиов град,не само мои,туку од сите љубители на фотографијата не може да се каже:Ееееее…ова е најубавата фотографија од Струга.
Не,затоа што сите се убави…
Тоа би му дошло како Одисеј кога се нашол заробен на островот само со жени,и тоа многу убави,која од која поубава…
Кога Одисеј увидел дека нема спас,тогаш ја употребил својата мудрост,и им се обратил со зборовите:Нека ме убие најубавата од вас
Ииии…додека тие меѓусебно се докажувале која е поубава тој ја искористил таа прилика и се спасил…
Да го оставиме Одисеј нека си векува во текстовите од Хомер,а ние да чекориме во сегашноства со позитивна визија за иднината…
Публицитет.мк