Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва во партиското седиште во Тетово одлучи да ја напушти Владата на Република Македонија и да ја испита својата политика во следните денови.
На состанокот, покрај одлуката да се повлечат министрите од Владата, партиското претседателство ги потврдило и ставовите дека лидерот Али Ахмети има потполно овластување да ги носи одлуките за натамошните чекори на партијата.
„Партијата го реафирмираше статутарното право и го овласти лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да одлучува за натамошните постапки на ДУИ. Демократската унија за интеграција во наредните денови ќе ги извести меѓународната заедница и локалните власти за промените во нејзината политика“, стои во соопштението на ДУИ.
Засега не се знае причината за ваквата одлука.
Извор: www.meta.mk