Од витамини поседува најголемо количество на витамин Ц, но и големо количество на каротени (провитамин А), витамини Б1 и Б2 како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур и хлор.
Семките од дуња содржат дури 15 отсто масла и големи количества од важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој што има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танин, пектин, шеќери и јаболкова киселина.
Лековити се и плодовите и листовите и семето, а особено сирупот и сокот. Благодарение на танините и слузта поволно делува на работата на цревата и спречува инфективни болести.
● Сокот од дуња сварен со исто количество на шеќери ја лечи кашлицата, астмата и акутната дијареа.
● Печена или варена дуња се препорачува кај воспаленија на желудочната и цревната слузокожа, но и за лечење на анемија.
● Чајот од цветовите на дуњата помага за смирување на кашлицата, а чајот од семки делува смирувачки, ја отстранува несоницата, како и непријатниот здив.
Извор: Убавина и здравје .мк