Редок феномен во Венеција – градот страда поради ниско ниво на водата како резултат на осека. Гондолите се заглавени во кал.
Венеција вообичаено има проблеми со поплави, но сега градот страда поради „аква баса“ (во буквален превод – ниска вода).
Нивото на водата поради осека е невообичаено ниско – половина метар пониско од вообичаено. Споредните канали се исушени, а гондолите се заглавени во кал. Проблеми имаат и спасувачките служби кои тешко се пробиваат поради исушените канали.
Извор: www.dw.com
Публицитет.мк