• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, мај 6, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Екоасфалт – во Рим улици направени од смет

септември 3, 2015
in Занимливости

Улици од смет – тоа не звучи многу примамливо. Но, Рим акцент става токму врз тоа: комуналните претпријатија, кои не знаат што да прават со сметот, патентираа постапка со која од него може да се произведе асфалт.

Сметот е голем проблем на Италија. Само во главниот град Рим годишно се собира речиси два милиона тони смет. Со оглед на таквата состојба, патентот за преработка на сметот во еколошки асфалт дојде како нарачан. „Идејата за еко-асфалтот се состои во тоа, сметот да се претвори во употреблив продукт“, вели Алесандро Филипи. Тој е шеф на претпријатието АМА, кое го собира сметот во Рим и го поседува патентот за негова преработка. „Ние успеавме целосно да го примениме и она од сметот, што до денес не беше употребливо, неизбежно завршуваше на депонија и ја загадуваше природната околина. Така, ова е еколошка придобивка“, нагласува Филипи.
Се разбира дека тој веќе и поради функцијата мора да агитира за така добиениот асфалт, оти на повидок е нов извор на приходи. Но, основната идеја е навистина уверлива: депониите ќе се растоварат и истовремено се штедат суровинските резерви – каде што се прави асфалт од смет, не мора да тој да се произведува од камења и битумен кој содржи нафта.

Самото производство на еко-асфалтот е релативно просто. Појдовен материјал е несортираниот остаток од сметот. Во специјална постројка тој се разретчува и од него останува и еден органски дел. Таа материја потоа со една чисто механичка постапка се меша со други градежни материјали, на пример со пепел. „Тој процес внимателно се набљудува и се контролира и целосно е исклучено настанување на штетни или опасни материи притоа“, нагласува Алесандро Филипи.

И градот Рим полага надежи во еко-асфалтот, оти досега само околу половина од сметот се двои и рециклира. Со новиот метод би можело околу една шестина од вкупниот смет да се претвори во асфалт. Тоа би биле околу 300 000 тони годишно. Италија не е единствена земја која сака сметот да го употреби за изградба на патишта и која експериментира со тоа. Естела Марино, во градската управа одговорна за еколшки прашања, вели дека римскиот патент е особено едноставен и конкурентен во споредба со сличните: „Се надевам дека ние со тоа ќе можеме да ја докажеме нашата иновативна сила. Токму кај еколошката техника досега уште сме честопати на опашката, но со ова добро ќе стоиме во споредба со другите градови и земји“.

Рим се надева дека наредната година ќе може да го пласира на пазарот еко-асфалтот. Суровина за него, како што веќе рековме, има повеќе од доволно.

Извор: Дојче веле 

Посетеност: 100
Share
Previous Post

Часoви за приказни на англиски јазик за деца во Црвен крст – Охрид

Next Post

Река мигранти кон Македонија

Next Post

Река мигранти кон Македонија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 100

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk